Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет побара денеска од египетскиот суд да ги измени смртните казни за 75 луѓе, кои се обвинети за учество во насилните протести во 2013 година, кога загинаа стотина луѓе.
- Судењето не е фер, истакна таа, критикувајќи го законот кој им дава имунитет на високопозиционирани припадници на безбедносните сили.
Судот во Египет вчера изрече 75 смртни казни, вклучувајќи истакнати исламистички лидери.
- Ако се извршат смртните казни, тоа ќе биде огромно понижување на правдата, нагласи Бачелет.
Обвинетите немаа право на одделни адвокати и да претстават докази, а обвинителството не изнело доволно докази за одделна вина, се наведува во соопштението на Високата комесарка на ОН за човекови права.