Гувернерот на американската држава Јужна Каролина, Хенри Макмастер синоќа прогласи вонредна состојба, со цел да и овозможи доволно време на земјата да се подготви за приближувањето на евентуален ураган.

Националниот Центар за урагани вчера соопшти дека се очекува тропската бура Флоренс да премине во голем ураган, додека поминува меѓу Бермуди и Бахами во вторник и среда следната недела. Се очекува бурата да се приближи до југоисточниот брег на САД в четврток.

Ветровите денеска се движеа со јачина од 65 километри на час, за во текот на денот да достигнат брзина од речиси 110 километри на час.

Гувернерот Макмастер нагласи дека засега не е познато кога и каде бурата Флоренс ќе го погоди копното, ниту кога ќе се нареди евакуирање



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 16:50