Намален е бројот на патници на регистрираните автобуски превозници, кои поради „дивите превозници“ се принудени да ги намалуваат или укинуваат автобуските линии. Истовремено поради работата на нелегалните превозници државниот буџет на годишно ниво е оштетен за околу 600 милиони денари.
Такви тврдења денеска изнесе Асоцијацијата на превозници „Исток“, апелирајќи до надлежните институции да преземат мерки за сузбивање на нелегалниот автобуски превоз со автомобили и комбиња, што како проблем се провлекува со години наназад.
Откако Уставниот суд Претходно на дивите превозници им се одземаа возилата, но Уставниот суд ја укина оваа мерка. И покрај тоа, во законот со повеќе акти има можност за решавање на проблемот, односно привремено одземање на возилото во траење од 30 дена и да се изрече мерка согласно прекршокот што го направил превозникот кој не поседува ниту основна лиценца, ниту е регистриран за претежна дејност и со други работи за да биде легитиме превозник, изјави денеска Горан Трпковски, претседател на Асоцијкацијата „Исток“.
Ако до пред три години капацитетот на автобус со 50-ина седушта бил исполнет со 65 проценти, сега, според анализите на асоцијацијата, состојбата е алармантна, и со легитимните превозници се превезуваат само 30 до 40 проценти од патниците. На нелегалната конкуренција неможат да одговорат ниту со понов возен парк, поради ограничивањата за увоз само на автобуси со еуро 4, чија набавка ги чини над 40.000 евра.
- Одредени превозници веќе ги бришат постоечките линии, како Транскоп Битола, Автоатом Кочани, Берово Транс и други превозници, кои ако имале по 12 -ина линии сега ги намалуават на две-три затоа што немаме доволно средства, рече Трпковски.
Од „Исток“ истовремено ги поздравија неодамнешните измени на Законот за превоз во патниот сообраќај со кои на нов начин се уредува начинот на превоз на ученици и тоа со постоечките општински и меѓуопштински линии. Претходно, превозниците беа обврзани да го вршат договорниот превоз на ученицте со посебно возило за таа намена.
- Со законските измени ќе има подобрувања за превозниците кои велат дека ќе нема тендери во „четири очи“ и ќе им се дозволи на легитимните да бидат носители на превозот, посочи Трпковски, забележувајќи дека ќе нема повисоки цени од реалните и ќе се намалат трошоците за превозниците.
Во „Исток“ членуваат 90 проценти од 150 автобуски превозници кои вкупно вработуваат меѓу 700 и 1.000 лица. Како проблем од асоцијацијата го потенцираат и одливот на возачите во странство, кои по обуките за кои во одреден период имаше субвенции од Агенцијата за вработување заминуваат во странство.
Како една од мерките за поддршка на автобускиот превоз предлагаат државата за студентите покрај за железнички превоз да дава субвенции и за автобуски. Тоа би било со ваучери со што студентот би имал избор за превозот затоа што сите делови од државата не се покриени со железнички транспорт