Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, остануваат на исто ниво во секторот Рударство и вадење на камен, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 отсто.

Во споредба, пак, со јуни 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,9 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 1,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 3,3 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, во јули годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а повисоки за 2,1 отсто на годишно ниво.

Во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 отсто.

Во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2018 14:13