Петстотини и триесет активни акционерски друштва и 70.000 сопственици на харии од вредност имаат можност електронски да преземат извештаи од Централниот депозитар за хартии од вредност, а при тоа цената ќе биде пониска за 30 проценти.
Услугата, како што рече денеска на презентацијата извршната директорната на Централниот депозитар за хартии од вредност, Даринка Дамјановиќ, а која ќе биде достапна за користење од утре.
- Креирањето на порталот беше процес на селекција на потребите на крајните корисници, а самата веб апликација е создадена врз основа на многу искуства и познати практики. Од сега па натаму, акционерските друштва и инвеститорите на хартии од вредност ќе имаат олеснителен пат, поради тоа што дигитализацијата на Централниот депозитар за хартии од вредност ќе ги заштеди сите круцијални ресурси, временски и оперативни, а воедно обезбедува заштита на интересите на засегнатите субјекти, одосно 530 издавачи и 70.000 сопственици на харии од вредност, речеДамјановиќ.
Ова е најнов проект на Централниот депозитар за хартии од вредност, за дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност. Извештаите ќе се преземаат преку посебен веб портал, кој како што беше посочено на промоцијата, е изработен по мерка на потребите на корисниците и е многу лесен за користење. Преку порталот ќе се добиваат бесплатни релевантни и веродостојни извештаи од информативен карактер, извештаи од информативен карактер што се наплатуваат и верификувани извештаи со електронски потпис и временски жиг. Корисниците ќе може паралелно да ги користат и класичниот начин на добивање на извештаите со доаѓање во Депозитарот во Скопје.
Порталот е креиран со кофинансирање со Европската банка за обнова и развој, а според Фади Алрајес, соработник во тимот на ЕБОР новиот информациски портал им обезбедува на инвеститорите и издавачите на хартии од вредност достапни он-лине информации и извештаи со што многу придонесува за транспарентноста на податоците кои се однесуваат на нивните хартии од вредност.
- Дигитализацијата на податоците го засега претходно посложениот процес на нивно мануелно издавање директно од страна на ЦДХВ, го прави пазарот попривлечен за интернационалните инвеститори, а на издавачите им овозможува подобри информации за нивните акционери. На овој проект гледаме како на важен исчекор кон развој на локалниот пазар на капитал, истакна Алрајес.
Имателите на акции регистрационите податоци за првичен пристап можат да ги добијат преку банките или брокерските куќи кои се членки на Централниот депозитар за хартии од вредност и кои склучиле посебен договор со Депозитарот за таа намена, а издавачите преку потпишување на договор со Централниот депозитар за хартии од вредност за користење на дистрибутивниот систем на податоци, при што овластено лице од акционерското друштво добива пристап до порталот. При изработката на порталот применети се највисоки стандарди на сигурност на информатичката технологија и заштита на личните податоци.
Извршната директорна најави дека порталот ќе се надоградува и дека во индина ќе може да го користат и други институции.
Од Централниот депозитар за хартии од вредност оценуваат дека со оваа алатка се придонесува кон поефикасно работење и модернизирање на пазарот на хартии од вредност, а миграцијата од офф-лине во он-лине е природен процес, кој што ќе резултира со поевтини услиги за секој корисник.