Познатиот готвач Џејми Оливер фати крадец кој се обидувал да влезе во неговата куќа и го задржал додека соседите повикале полиција.
Оливер го затекнал крадецот додека ја обивал влезната врата од куќата, а кога почнал да бега славниот готвач тргнал по него и го фатил. Тој го соборил крадецот на земја и го задржал додека полицијата не дошла.
Локалните медиуми наведуваат дека крадецот и бил познат на полицијата, а претходно извршил неколку кражби во тој дел на Лондон.
Соседите сметаат дека постапката на 43-годишниот Оливер е храбра и несебична.