Рајан Томас, годинешниот победник на британското шоу „Celebrity Big Brother“ („Големиот брат“ за познати личности), со триумфот се спаси од повеќегодишниот банкрот, јави „Дејли Меил“.

Се смета дека Томас за учеството во реалното шоу добил 500.000 фунти, но се очекува популарноста што таму ја стекна да му донесе милиони, бидејќи веќе му пристигнуваат понуди за нови улоги.

Рајан Томас (34) е британски глумец кој досега имал улоги во четири проекти, а најпознат е по ТВ серијата „Coronation Street“ што сe прикажувашe 17 години. И покрај тоа што успешно работи од својата 16-та година, поради лудите забави морал да прогласи банкрот пред пет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 15:53