Бројот на туристите во Крушево во првите осум месеци од годинава забележал значителен пораст во споредба со истиот период лани, информираат од локалната самоуправа на Крушево.

Според уплатената туристичка такса, од почетокот на годинава (од 1 јануари) па до 25 август, се реализирани 16.353 ноќевања, што е за над 50 проценти повеќе во истиот период лани, кога се забележани 10 975 ноќевања.

Според градоначалникот на Крушево Томе Христоски зголумањето се должи на организирањето на голем број настани, зголемената понуда и промовирањето на предностите што ги нуди градот како посакувана туристичка дестинација.

- Годинава забележуваме значително зголемување на ноќевања и тоа е поради настаните кои ги организираме, поради промовирањето на понудата на градот, соработката со приватниот угостителски сектор, а секако и параглајдинг-натпреварите, со што Крушево е светски позната дестинација.. Локалната самоуправа работи секојдневно овие бројки да растат во текот на цела година, вели Христоски.

Христоски додава дека зголемувањето на бројот на туристи значи повеќе приход за угостителите и раздвижено и исполнето Крушево.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 16:44