Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, рече дека не придава големо значење на индивидуалните награди.

Тој се смета за фаворит во борбата за титулата за најдобриот играч на годината од ФИФА. Конкурентите на Модриќ ќе бидат Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

- За мене колективното е поважно од индивидуалното. Не сум опседнат со освојување лични награди. Ако некој друг победи, се ќе биде во ред. Јас нема да бидам вознемирен, изјави Модриќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 18:09