Еден од најдобрите хокеари во историјата на американската НХЛ лига, Александар Овечкин му подари дрес со број 8 од клуб Вашингтон Капиталс, на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар.
Ниту Бразилецот не му остана „должен“ на рускиот хокеар и тој нему му подари копачки со кои настапувал за националниот тим. Овечкин доби и топка со автограм од Нејмар.
Бразил ноќеска во Вашингтон во пријателски дуел го совлада Ел Салвадор со 5:0.
Нејмар беше стрелец на еден гол и запиша три асистенции.