Шпанскиот фудбалски шампион Барселона на својот официјален Твитер профил го претстави третиот сет на дресови за сезоната 2018/2019.

Дресот е во бледо розови цвеќиња со темно црвена дијагонална лента, што ја симболизира улица „Дијагонал Авенија“ во Барселона, која минува низ градот дијагонално.

Таа е една од главните улици во Барселона, каде што има голем број на трговски и деловни центри и седиштето на многу банки.

Првата комбинација со која клубот од „Камп Ноу“ игра на домашен терен е дрес со каталонските бои сина и црвена, додека резервната варијанта која се користи на некои гостувања е во зеленкасто-жолта светла боја.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 18:54