Местото во Италија во кое најтешко би влегле не е најпопуларниот ресторан во Милано или неокј андерграунд клуб во Фиренца, туку островот Монте Кристо, што се наоѓа на само неколку километри од италијанскиот брег.

До неодамна, островот од класичниот роман „Грофот од Монте Кристо“ на Александар Дима воопшто не беше отворено за туристи, а пристапот до таа недопрена убавина и денес е доста ограничен. Всушност, годишно има само два периоди за посета - од 1 до 15 април и од 31 август до 31 октомври, но и тогаш не секој ја има таа среќа.

Италијанските власти дозволуваат само 1.000 еднодневни дозволи за посета годишно, а 600 од нив се резервирани за студенти. Пријавите за посета се наоѓаат на интернет, но за потврден одговор понекогаш се чека и со години.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 19:09