Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните компании Зоран Шапуриќ денеска ја посети компанијата за производство на здрава храна Виталиа ДОО Скопје, при што се запозна со нејзиното работење, перспективите, плановите за развој и потешкотии во работењето.
- Владата треба да создава предуслови за развој на бизнис секторот за стабилно пазарно работење, да помогне и го поддржи тоа што е добро, секако во рамките на своите можности. Производството, извозот, генерираат вработувања, директно придонесуваат кон раст на БДП, изјави министерот Шапуриќ.
Според него, Виталиа е пример за компанија со визија, која 25 години се носи со сите предизвици, и постојано се прилагодува на новите трендови и потреби на современите потрошувачи.
Од Виталиа истакнуваат дека ги следат истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија како и најновите технолошки новитети и согласно нив креира здрави иновативни производи создадени според потребите на потрошувачите.
По повод 25 години јубилеј, Виталиа отвори нов погон и го зголеми производствениот капацитет за 100 проценти во категоријата мусли и барови. Нивната стратегија за развој донела раст на извозот за 15 проценти и пораст за 30 проценти на бројот на вработени во првите осум месеци од 2018 година