Сопственикот на италијанскиот гигант Наполи, Аурелио де Лаурентис изрази подготвеност да го купи хрватскиот клуб Хајдук Сплит, кој има финансиски проблеми. Во моментов, клубот нема сопственик, а власта е во рацете на навивачите.
- Дајте ми можност и ќе го купам Хајдук, вели Де Лаурентис, цитиран од „Спортске новости“
Хајдук е еден од најпопуларните клубови во Хрватска, откако станал 15 пати шампион на земјата вклучувајќи и во периодот на поранешна Југославија.
- Подобро да купи уште играчи за Наполи, реагира градоначалникот на Неапол, Луиџи де Маџистрис на информациите.
Де Лаурентис и општината во Неапол се во конфликт поради состојбата на стадионот „Сан Паоло“, а во текот на летото бизнисменот го купи Бари, кој се натпреварува во четвртото ниво на италијанскиот фудбал. Неодамна тој сподели идејата за изградба сосема нов стадион во Пуља и да го премести тимот да ги игра таму натпреварите од Европа.
- Подготвен сум да платам за 1.000 автобуси што ќе превезуваат неаполитанци до „Сан Никола“. Кога дојдов за прв пат на овој стадион, сфатив дека тоа е голем објект. Беше напуштен, но во споредба со „Сан Паоло“, кој е изграден во 1959 година - додаде сопственикот на Наполи.