Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар беше на трибините на „Парк де Пренс“ при победата на шампионите над Сент Етјен со 4-0 вчеравечер во Лига 1.

Тренерот на „светците“, Томас Тухел ја објасни причината зошто Бразилецот останал надвор од групата на парижаните и за многумина присутни, таа беше во најмала рака чудна.

- Дали го чуваме за натпреварот против Ливерпул во Лигата на Шампионите? Да, но само делумно тоа е причината. Зборував со него во четвртокот, бидејќи тој се врати подоцна од натпреварите на бразилската репрезентација. Му реков дека нема да игра и може исто така и да не тренира. Но тој се чувствуваше добро и учествуваше целосно во тренинг процесот. Но немаше спиено цела ноќ. На денот на натпреварот го прашав како е и тој ми одговори: „не знам“. Со овој одговор алармот заѕвони во мојата глава. Не сакав да ризикуваме. Го зедовме заедно со нас, но беше одлучено да не игра против Сент Етјен, изјави Германецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 12:59