Прашање на денови е обновувањето на договорот на Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ (познат како CMC) со Лацио. Се очекува во почетокот на следната недела, офанзивниот играч од средниот ред да потпише договор до 2023 година. Ова ќе го продолжи за една година сегашниот негов договор со „орлите“ од Рим за една година. Интересното во случајот е дека нема да има откупна клаузула во договорот, а надоместокот на играчот ќе изнесува околу три милиони евра, пишува „Кориере дело Спорт“. Савиќ се придружи на Лацио во 2015 година од белгиски Генк, а играчот зеде учество во 97 натпревари и постигна 17 гола со тимот на „лацијалите“. Ова лето, за Милинковиќ-Савиќ имаше интерес од Барселона, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но никој не го направи последниот чекор, за да го привлече во своите редови.