Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри на редовната прес-конференција пред утрешниот дуел од 4-тото коло во Серија „А“ против тимот на Сасуоло, изјави дека верува оти Кристијано Роналдо ќе ја „отвори гол серијата“, истакнувајќи дека медиумите создаваат голем притисок околу ситуацијата со Паоло Дибала.

Аргентинскиот напаѓач има резервен статус во тимот на Алегри, откако пристигна Роналдо.

- Дибала беше на клупата во последните два натпревари, бидејќи имав поинаква идеја за нашата шема за игра. Никој не ги доведува во прашање неговите квалитети, но морам да пуштам 11 играчи и уште три резерви на теренот. Сега ќе играме на секои три дена. Пауло мора да го врати своето место и мора да работи, како што прават сите, рече Алегри.

Во однос на Роналдо, Алегри нема сомнеж дека тој ќе почне да постигнува голови во противничките мрежи.

- Мислам дека Кристијано ќе се „отвори“ против Сасуоло. Утре излегуваме против Сасуоло во борба за првото место. Де Ѕерби е еден од најдобрите млади тренери. Марио Манџукиќ ќе биде на теренот покрај Роналдо. Утре може да биде првиот дуел на Емре Џан како стартер, изјави Алегри.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 16:00