Екипата на Вардар стигна до третиот триумф во петтиот натпревар во ПМФЛ сезонава, откако го победи Шкупи со 2:1.

„Црвено-црните“ губеа по првото полувреме со 0:1 на стадионот „Борис Трајковски“ откако Да Луиз успеа да погоди во мрежата на Гачевски во 20-тата минута.

Во второто полувреме Лира го израмни резултатот со глава во 53-тата минута, а 9 минути подоцна, Новак постигна уште еден гол во мрежата на Зендели и дојде до пресврт.

Актуелниот шампион Шкендија го совлада Работнички во Тетово со убедливи 6:2. Ибраими постигна „хет-трик“ за тетовци, додека Мици, Бојку и Ерера авто-гол беа останатите стрелци. За Романтичарите прецизни беа Петковски и Стјепановиќ.

Резултати од ПМФЛ, 5. коло:

Академија Пандев - ФК Силекс 3:0

Македонија ЃП - ФК Беласица 0:0

Победа - Ренова 1:0

Шкендија - Работнички 6:2

Вардар - Шкупи 2:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 22:24