Бразилскиот крилен напаѓач, Даглас Коста откако на натпреварот против Сасуоло, кој неговиот Јувентус го доби со 2-1, плукна противнички играч во лице.

Коста влезе во игра на 20-тина минути пред крајот на натпреварот, и најпрвин со лакт го урди Ди Франческо, за да неколку секунди подоцна го плукна противникот в лице.

Иако доби само со жолт картон, по сугестија од ВАР собата, за овој неспортски потег Коста доби директен црвен картон, по кој сигурно ќе следа и дополнителна казна од италијанската фудбалска федерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 01:58