Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски, изјави дека на дуелот со Шкендија во Тетово кој неговиот тим го загуби со 6:2, фудбалерите одиграле под нивото и најслабо од почетокот на сезоната.

- Добивме убава лекција од Шкендија. Го одигравме најслабиот натпревар оваа сезона и очигледно е дека ќе мораме да исправиме многу грешки во нашата игра. Секој фудбалер ќе треба добро да се замисли како одиграл и во иднина да се труди да биде многу подобро, секако, сето тоа вклопено во еден тимски дух. Сепак, нема да дозволиме овој пораз да не вовлече во непосакувани води и мораме веднаш да се фокусираме на следниот меч, нагласува Јовановски во изјавата за клупската веб страница.

Следен предизвик за „романтичарите“ е веќе в среда во осминафиналето во Купот на Македонија, кога му гостуваат на Тиквеш.

- Ќе се насочиме максимално на тој дуел, а во наредните дваесетина дена не очекуваат дури седум натпревари, потенцира шефот на стручниот штаб на Работнички.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 14:16