Наскоро може да биде донесена одлука за воведување нови американски царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари, изјави денеска економскиот советник на Белата куќа Лари Кадлоу.
Претседателот Доналд Трамп „не е задоволен од преговорите со Кина“, и наскоро може да даде официјална изјава за ова прашање, рече Кадлоу на економски форум во Њујорк.
Американските медиуми од петокот јавуваат за желбата на Трамп да воведе дополнителни царини за увоз на кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари. Економистот советник сепак истакна дека САД остануваат отворени за дијалог со своите кинески партнери.