Тренерот на Наполи Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим ја сфаќа тежината на натпреварот против Црвена ѕвезда во Белград на стартот од Лигата на шампионите.

- Важно е да играме наш фудбал и да направиме се за победа. Групата Ц е исклучително тешка, а можеби и најтешка. Ги имаме одличните Ливерпул и ПСЖ, но и Црвена ѕвезда која одлично игра на домашен терен. Ќе биде навистина тешко, истакна тренерот на Наполи.

Анчелоти нагласи дека е свесен за поддршката која Црвена ѕвезда ја добива од своите навивачи, како и дека многу фаворизирани клубови биле поразени на белградскиот стадион.

- Свесни сме колку ќе биде тешко да се игра на „Маракана“. Ѕвезда е добра екипа. Го елиминираше Салцбург во квалификациите, а добро игра и во домашното првенство. Но ние сакаме победа, бидејќи важно е добро да го почнеме натпреварувањето, наведе Анчелоти.

За искусниот тренер ова ќе биде трет натпревар во кариерата против Црвена ѕвезда во Белград.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 20:31