Почнувајќи од 22.09 – Сабота, на македонската сцена се појавува нов бран на забавни настани под името „Бада Бум“ . Под покровителство на "Јегермаистер", првата забава ќе се одржува во Капан Ан, Скопје, со почеток на полноќ.
Идејата на „Бада Бум“ забавите е да ја промовираат урбаната култура како начин за сплотување меѓу публиката и артистите, негувајќи ги вредностите на музиката преку живи настапи и ДЈ сетови од докажани и квалитетни артисти од нашата домашна сцена како и од регионот.
Бада Бум“ за прв пат во Македонија, ќе ви го претстави најквалитетниот рапер во подем на бугарската Хип Хоп сцена – СЕКТА.
На првото издание од „Бада Бум“ ќе имате можност да ги проследите во живо македонскиот Хип Хоп бенд „Токсиколози“ во кои членуваат Сиги, Кацар и Џоле, додека како ДЈи вечерта ќе се забавувате со плочите на ДЈ Гоце САФ и ДЈ Дрази Драгс.
„Микрофоните се уклучени и грамофоните вртат! БИДЕТЕ ТАМУ!!!“ порачаа организаторите на настанот.