Од 1 јануари 2019 година бројот на деца кои ќе користат детски додаток од сегашните 3.200 ќе се зголеми на 73.500 бидејќи оваа поволност ќе ја користат и семејства во кои еден родител е вработен и зема минимална плата.
- Критериумот зошто имаме толкаво зголемување е тоа што сега семејство во кое еден родител е вработен и коешто има минимална плата ќе може да ја добие оваа поволност. Досега тие не беа вклучени, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција во Владата.
Отсега и децата кои потекнуваат од семејства од социјален ризик и семејства со ниски примања ќе земаат образован додаток така што бројката од 3.800 деца кои досега го користеа овој додаток, ќе се зголеми на 64.316.