Министерот за финансии Драган Тевдовски, ги негира обвинувањата на опозицијата дека државата „расипнички“ се задолжува. Одговарајќи на новинарско прашање при постетата во Куманово, министерот истакна дека задолжувањето на Македонија растело во период од 2008- 2016 година.

- Прва година во која што беше намален јавниот долг, како процент од БДП беше 2017-та година. Ние постојано водиме политика на менаџирање на јавниот долг и тоа задолжување да биде по што е можно пониски каматни стапки, односно позајмуваме по пониски од кредитите што ги враќаме, изјави Тевдовски.

Тој истакна дека нема ново нето задолжување, туку тоа што доспева на домашниот пазар, исто толку се задолжува.

Граѓаните, вели тој, мора да знаат дека претходната власт на централно ниво оставила, како што истакна, огромни долгови и обврски.

- На пример помпезното отварање од филхармонии, ние ги вратиме 2017-та, потоа во 2020-21 претходната власт ни остави големи сериозни обврски, како на пример 155 милиони евра кредит, 270 милиони евра еврообврзница за враќање, ние третина намаливме, потоа 500 милиони евра еврообврзница во 2021 година, се е ова нешто што ние менаџираме, изјави Тевдовски.

Министерот истакна дека успешно се менаџира и во моментов има одлична наплата на приходите на централно ниво и меѓународните институции, рече ги поздравуваат мерките кои се преземаат во фискалниот сектор, пред се во фискалната транспарентност и успешното менаџирање со јавниот долг, потсетувајќи на извештајот што минатата недела го објави кредитната агенција. Тевдовски истакна дека на среден рок првпат има стратегија во која што го стабилизиравме и 2020-21 година ќе биде таа стабилизација на состојбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 16:10