Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на фарма во село Радобор, Општина Могила, ќе потпишат меморандум за соработка со Здружението за рурален развој ЛАГ „Агро Лидер“.
Преку новото партнерство на македонските сточари ќе им се обезбедат нови локални услуги за зголемување на нивната продуктивност и конкурентност. Една од овие услуги е професионален софтвер за потребите на сите чинители на секторот - од сточари и ветеринари до млекари и општи клиники. Овој софтвер ќе ги содржи сите релевантни податоци за ветеринарните услуги и здравјето на животните на македонските фарми, што покрај зголемената продуктивност ќе го подигне и квалитетот на сточарските прехранбени производи, со што ќе се унапреди и јавното здравје.
Покрај претставници од трите организации, на потпишувањето е најавено присуство и на градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска, како и на директорот на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија Едвард Гонзалез.