Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо беше задоволен од победата со 1:0 над Дуџанданг во групата „Ф“ од Лигата на Европа. Тренерот, сепак, призна дека натпреварот беше потежок отколку што очекувал и го пофали ривалот за неговиот настап. - Ми се допадна ставот на тимот. Сепак, можевме да решиме сѐ порано. Натпреварот беше потежок отколку што очекував, но им дадов шанса на многу играчи и го постигнавме саканиот резултат. Не постои такво нешто како сигурен резултат во фудбалот. Ние сме задоволни со победата и голот на Пипита (Игуаин). Имаше уште неколку шанси и можеше да направи „хет-трик“, изјави тренерот на „росонерите“ по вчерашниот дуел. Тој потоа објаснуваше зошто излегол со многу резерви на теренот. - Направив промени во тимот, но тоа не беше затоа што мислам дека Дуделанж е слаб тим. Ги направив, бидејќи верувам во овие играчи и видов како тренираат во текот на неделата. Јас не сум толку глупав за да пуштам на теренот некого, на кого не му верувам, додаде Гатузо.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 11:23