Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери ги критикуваше своите играчи по победата од 4:2 над Ворскла синакоќа во Лигата на Европа. „Топџиите“ водеа 4:0, но на крајот примија два погодока и токму тоа беше причината за нервозата на стратегот. - Јас сум разочаран од двата гола што ги примивме, бидејќи покажавме добра игра во 90 минути. Но, на крајот мораше да бидеме подобри. Кога ќе водите 4:0, мора да продолжите да играте високо и да барате повеќе голови наместо да дозволувате такви голови, изјави Емери по мечот. Шпанецот, сепак, изрази задоволство дека тимот од Лондон почнал со победа на турнирот. - Дадов шанса на многу играчи. Ова е важно бидејќи сезоната е долга и има многу натпревари се пред нас. Затоа е важно сите да добијат минути на теренот, а најдобро е кога забележуваме победи во слични натпревари. Сакам да продолжиме да бидеме борбени во секој можен дуел. Сепак, некои фудбалери играат подобро, кога играат поредовно. Сепак, се уште има простор за подобрување, додаде тренерот.