Платежната агенција денеска ги исплати првите 10 барања за средства од ИПАРД 2 Програмата.

Како што соопшти директорот на Агенцијата Николче Бабовски по посетата на фарма во Грушино, склучени се рекордни 898 договори во вкупна вредност од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони земјоделците ќе ги добијат преку европските фондови.

- Очекуваме вкупната бројка на склучени договори да достигне 900, истакна Бабовски.

Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со ИПАРД 2 Македонија од ЕУ доби 60 милиони евра за инвестиции и модернизирање на земјоделството.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 12:17