Ештон Качер со својата Тесла удри во 19-годишниот Лео Маренги, па се фотографираше со него. Момчето се возело со својот скутер, кога актерот налетал на него и го турнал на земја.

Но, и покрај раскрвавеното колено, Лео не ја пропушти можноста да направи неколку фотографии со холивудската ѕвезда.

- Ме удрија со автомобил денеска... Но, ОК е, зашто тоа беше Ештон Качер, напиша момчето на Фејсбук.

Сето тоа се случило во Лос Анџелес, кај познатото Сансет Бронсон филмско студио.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 14:19