Манчестер Јунајтед е следниот тим кој покажува интерес за играчот од средниот ред на Ајакс, Франки де Јонг. Холанѓанецот е главната трансфер цел на Барселона. Каталонците се обидоа да го привлечат минатото лето, но Ајакс одби да го продаде. Тотенхем и Пари Сен Жермен, исто така, не ја кријат желбата да се засилат со 21-годишниот фудбалер, тврди „Сан“. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака да го засили средниот ред со Де Јонг. Силната страна на младиот халф е дека тој може да игра на сите позиции во средината на теренот, а исто така и како централен дефанзивец. Ајакс е категоричен, сепак, дека нема да го продаде Де Јонг во јануарскиот трансфер прозорец. Холандскиот гигант сака за Де Јонг помеѓу 50 и 60 милиони евра. За Манчестер Јунајтед, нема да биде проблем да извади таква сума и да ги загарантираат услугите на Де Јонг, додаваат од изданието.