Преку 60 професионалци од Македонија, Холандија, Албанија и Косово учествуваат на тридневната Конференција за ментори што се одржува во Скопје.

Целта на конференцијата со која стартува проектот „Зајакнување на жените преку менторство“ е да се поттикне важноста на менторскиот процес, како и вмрежувањето во Македонија и во регионот во насока на промовирање на еднаквите права на мажите и жените, како и поддршка на иницијативите на жените претприемачи.

Според претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска која ја отвори Конференцијата, и покрај зголемената свест за важноста и улогата на жените која може да биде клучна во менувањето на економската моќ на земјата, во приватниот сектор жените не се доволно застапени на раководни позиции.

- Постои нерамноправна борба, бидејки да бидеш еднаков значи да постојат еднакви можности за развој. Сметаме дека тука е основната улога на менторите, да поттикнат, да поддржат и да подадат рака на перспективните жени со цел постигнување на успех и лидерство во својот домен на делување“, рече Арсовска.

На отворањето на Конференцијата присуствуваа и амбасадорот на Холандија Вилем Воутер Пламп, како и Славица Николовска од Македонската мрежа на ментори.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 18:30