Тренерот на Фенербахче, Филип Коку се соочува со отказ доколку неговиот тим в понеделник загуби на дербито со Бешикташ.

Фенербахче за кого игра и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не ги исполни очекувањата на раководството и навивачи, а незадоволството кулминира по поразот пред два дена во Лига Европа од Динамо Загреб со 4:1.

Холандскиот стручњак веќе ја загуби довербата на челниците на клубот и по само неколку месеци работа во Фенербахче, му се подготвува отказ.

Коку во Истанбул дојде од ПСВ Ајндховен.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 11:34