Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да си заминат од Лос Анџелес. Американската музичка ѕвезда заедно со сопругата Ким Кардашијан и нивните три деца ќе се преселат во Чикаго.

- Сите да знаете дека се враќам во Чикаго и повеќе нема да си одам од таму никогаш, изјави раперот.

Причината за оваа одлука не е јасна. Според извор близок до ѕвездата, музичарот ја донел оваа одлука во врска со издавањето на неговиот нов албум „Chance the Rapper“.

Извори блиски до Кање објавија дека двојката веќе разгледала имот во Чикаго, но кога точно ќе си заминат од Лос Анџелес никој не кажува.

Интересно, до овој момент Ким Кардашијан не ја коментираше новонастанатата ситуацијата. Таа има големо семејство во Лос Анџелес. Покрај тоа, Кање и Ким наскоро ќе станат родители со помош на сурогат мајка која ја носи нивната ќерка.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 13:12