Екипата на Работнички го пречекува Вардар вечер со почеток во 19 часот во градското дерби со кое ќе биде отворено шестото коло од домашниот шампионат.

Поранешниот вардарец Петар Петковски, кој сега е член на Работнички очекува возбудливо дерби.

- Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал. Таму минав одлични мигови, но сега сум член на Работнички и максимално мотивиран го очекувам дербито. Мечевите меѓу овие два тима секогаш нудат допадлив и возбудлив фудбал, се надевам дека така ќе биде и овој пат. Посакувам на крајот ние да се радуваме, вели Петковски.

По пет рунди во ПМФЛ, Вардар е трет со 11 бода, Работнички четврти со девет.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 15:23