Вардар сезонава има три победи и две нерешени средби во петте досегашни натпревари, а голманот Филип Гачевски се надева дека вечерва ќе биде остварен четвртиот триумф во првенството.

- Играме дерби против Работнички, градско дерби кое што сметам дека ќе го одлучуваат повторно ситници после минатите натпревари. Работнички е екипа за респект, загубија минатото коло и сега сигурно ќе сакаат да се поправат. Меѓутоа нашата цел е три бода и ќе дадеме се од себе да ја исполниме. Атмосферата во екипата е одлична, и сите сме подготвени за уште еден триумф, изјави Гачевски за клупскиот сајт.

Натпреварот со кој ќе биде отворено 6.коло во ПМФЛ ќе се игра со почеток во 19 часот на „Филип Втори“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 15:58