Вардар го победи Работнички со 2:0 вечерва во Скопје на отворањето на 6.коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тигран Барсегјан во 29.минута му донесе водство на својот тим кое во второто полувреме беше удвоено со погодокот на Владица Брдаровски (63.минута).

По 2014 година ова е прв триумф за Вардар како гостин во соседските дерби дуели со Работнички.

Другите средби од оваа рунда во ПМФЛ се играат утре:

Победа – Академија Пандев

Ренова – Беласица

Шкупи – Македонија ЃП

Силекс – Шкендија.

Во пресрет на утрешните натпревари, Вардар е лидер со 14 бода, пред Академија Пандев со 12 и Шкендија со 11 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 21:10