Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги по победата над Еспањол (1:0) во натпреварот од 5. круг од шампионатот на Шпанија изјави дека неговите играчи се сретнаа со силен ривал.

- Тоа беше тежок меч за нас. Се сретнавме со многу добро подготвен тим. Сфатив дека тоа ќе биде опасен натпревар. Еспањол беше длабоко во одбраната, но и спремен за контранапад. Беше важно за нас да ја контролираме топката. Најважно е што победивме, изјави Лопетеги.

Во пресрет на другите натпревари од петтата рунда во Ла Лига, Реал е лидер со 13 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2018 13:07