Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот на фестивалот на пивото „Октоберфест“. Но, по се изгледа на него нема да присуствуваат фудбалерите на Баерн Минхен, бидејќи нивниот тренер Нико Ковач ги предупреди да го избегнуваат овој настан.

Сепак Хрватот остави простор за колективна посета на целиот тим.

- Моите играчи се професионалци. Тие се одговорни луѓе и знаат што прават. Тие се свесни дека ако одат таму, веднаш ќе бидат препознаени. И јас не мислам дека тоа е добра идеја. Ќе има време да одиме сите заедно. Засега треба да продолжиме да сме фокусирани на своите обврски и да не престануваме да освојуваме бодови, изјави Ковач.

Октоберфест 2018 почна вчера и ќе трае до 7 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 00:42