Еден демонстрант е убиен, а најмалку петмина се повредени во вчерашните антивладини протести во Манагва, главниот град на Никарагва.

Инцидентот се случил кога приврзаници на левичарскиот претседател Даниел Ортега нападнале група од повеќе стотици демонстранти кои барале ослободување на политичките затвореници уапсени по серијата протести и безредија во април.

Според локалните медиуми полицијата стрелала кон демонстрантите со гумени куршуми и употребила солзавец, а приврзаниците на Ортега користеле и огнено оружје. Меѓу повредените е и еден телевизиски новинар.

Демонстрантите за властите се терористи и припадници на екстремистички групи. Се смета дека најмалку 320 лица биле убиени во политичките безредија од април до сега.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 10:17