Форум на тема „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија - општествени и економски промени“ ќе се одржи денеска во Битола.
Ќе се дискутира на теми поврзани со даноците и работните односи, кои се специфични за секторот на информатички и комуникациски технологии. Конкретно, за даночната регулатива (Данок на додадена вредност, Данок од добивка, Персонален данок) и работната сила, односно зголемување на обемот на достапна ИКТ работна сила, планирање и регрутација на работна сила, доквалификација и преквалификација на кадар.
Форумот го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во рамки на проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Тоа е четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал во соработка со МАСИТ, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.