Во борбите за контрола врз либискиот главен град Триполи во изминатиот месец биле убиени најмалку 115 лица, а 383 се ранети, соопшти либиското Министерство за здравство.

Се работи за две вооружени групи, едната локајна на Владата, а другата организирана околу Седмата пешадиска бригада на либиската армија, која властите се обидоа да ја расформираат. Овој обид предизвика бунт, при што бригадата, која дејствува од градовите Тархуна и Мизрата, се обидува да преземе контрола врз главниот град.

На почетокот на септември беше договорен прекин на огнот со посредство на Обединетите нации, но тоа не траеше долго.

Либија е во состојба на граѓанска војна од Арапската пролет и соборувањето на нејзиниот водач Моамер Гадафи од страна на САД, Велика Британија и Франција во 2011 година.

Триполи и западните делови на земјата досега беа во рацете на меѓународно призната Влада, додека истокот го контролираат ривалски единици, но и контролата врз Триполи сега е отворено прашање.

Граѓанската војна придонесе Либија да стане главна транзитна зона за африкански мигранти кон Европската унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 10:32