Со откривање на споменик на поранешниот претседател на Јужноафриканска Република, Нелсон Мандела во зградата на Обединети нации во Њујорк денеска ќе почне мировниот самит на Генералното собрание на ОН, на кои светските лидери ќе зборуваат за актуелните проблеми во светот - војна, сиромаштија, болести, миграциски и климатски промени.
Мандела во 1990 година, по излегувањето од јужноафриканскиот затвор го посети Њујорк, каде беше поздравен со воодушевување.
- ЈАР ќе биде слободна, изјави тогаш Мандела, а неколку месеци подоцна стана првиот црн претседател на Јужноафриканска Република.
Неговата смрт во 2013 година предизвика жалост ширум светот.
Патот на поранешниот претседател на ЈАР од лидер на борбата против апархејдот до затвореник, а потоа претседател е опишан во автобиографијата „Долгиот пат до слободата“, што е една од најголемите ориказни на 20 век за борбата, жртвата и прифајќањето.