Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо нема уште долго да се задржи на клупата на „Волчицата“, шпекулираат медиумите во Италија.
Рома има неочекувано слаб старт во Серија А и по пет одиграни натпревари се наоѓа дури на 14.место со пет бодови.
Ди Франческо може да биде сменет по две кола. Раководството на тимот не е задоволно од резултатите. Се претпоставува дека најверојатен кандидат кој ќе го замени 49-годишниот специјалист е поранешниот тренер на Фиорентина Пауло Соуза, кој моментно ја предводи кинеската екипа Тијанџин.
Во шестото коло в среда Рома го пречекува Фросиноне.