Селекторот на Шпанија, Луис Енрике рече дека воведувањето системот за видео надзор е најдоброто нешто за фудбалот. - Воведувањето на ВАР е фантастична идеја, многу ми се допаѓа. Ми се допаѓа идејата да гледам репризи од играта. Мислам дека сите ќе имаат корист од тоа, бидејќи бројот на судиските грешки ќе биде намален. Употребата на ВАР е најдоброто нешто што се случи на фудбалот, рече Луис Енрике за „Марка“. Луис Енрике го предводи шпанскиот национален тим од 9 јули 2018 година, откако потпиша двогодишен договор.