Аргентинската фудбалска репрезентација и претстојните три средби ќе биде без Лионел Меси во составот. Ова го соопшти селекторот на „гаучосите“ Лионел Скалони кој одлуката ја донел по телефонскиот разговор со членот на Барселона.
- Телефонски разговаравме пред неколку дена и одлучивме дека е најдобро се уште да не доаѓа. Поради тоа нема да биде на списокот за следните натпревари. Тоа е се што можам да кажам во овој момент, изјави Скалони.
Меси последен пат за националниот тим настапи на Светското првенство во Русија.
Аргентина ја очекуваат контролни натпревари со Ирак, Саудиска Арабија и Бразил.