Швајцарскиот производител на лекови „Новартис“ денеска најави дека во следните четири години ќе укине околу 2.200 работни места во Швајцарија, со цел, преку консолидација на производството и преселба на работни места, да ја зголеми профитабилноста.
- Во производните погони во Базел, Штајн, Локарно и Швајерхал ќе бидат укинати околу 1.500 работни места, изјави на прес-конференција извршниот директор на „Новартис“, Вас Нарасимхан.
Дополнителни 700 работни места ќе бидат укинати во сегментот на деловни услуги и тие ќе бидат префрлени во други земји.
Паралелно со тоа „Новартис“ најави и отворање нови 450 работни места во сегментот на клеточно производство и генетска терапија, што значи дека во Швајцарија ќе бидат укинати околу 1.750 работни места.
„Новартис“ во Швајцарија има 13.000 работници.