Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, предупреди денеска во Њујорк дека преголем притисок кон Иран може да го наведе Техеран да продолжи со воената нуклеарна програма и да го дестабилизира Блискиот исток.

Мас на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН изјави дека три земји членки на ЕУ, Русија и Кина минатата ноќ се договориле да се обидат да го одржат нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, и покрај повлекувањето на САД од тој договор.

- Голема едногласност владее меѓу релевантни страни дека сакаме да го одржиме тој договор на сила и да ги ублажиме последиците од американските санкции, изјави германскиот министер, додавајќи дека тоа го опфаќа олеснувањето на плаќање на иранскиот извоз.

Мас истакна дека Германија е загрижена дека „под најголем можен притисок, Иран еден ден може повторно да продолжи со воената нуклеарна програма“.

-Ние тоа не сакаме, бидејќи тоа ќе го запали целиот регион, заклучи германскиот министер.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 19:29