Шпанија, Франција, Португалија, Германија и Малта се договорија да примат 58 мигранти од спасувачкиот брод „Аквариус 2“, со кој управуваат невладини организации, а кој е во Средозамно Море со 58 мигранти, барајќи пристаниште што ќе ги прими, соопштија шпански официјални лица.
Неименувано официјално лице од кабинетот на шпанскиот премиер изјави дека мигрантите од „Аквариус 2“ ќе се истоварат во Малта и дека Шпанија ќе прими 15 патници.
Шпанскиот претставник не изнесе детали од договорот. Претходно Португалија објави дека ќе прими 10 мигранти.
- Аквариус 2“ спаси 58 мигранти минатата недела во две одвоени операции, вклучувајќи 17 жени и 18 деца од Либија, Пакистан, Брегот на Слоновата коска, Сирија, Судан, Алжир и Палестина, наведоа од хуманитарната организација.