Аргентинските власти соопштија денеска дека директорот на Централната банка на таа држава Луис Капути, поднел оставка, во момент кога се во тек преговорите со ММФ.

Централната банка денеска соопшти за ненадејната оставка на Луис Капути со образложение дека тој заминува од функција поради лични причини. Оставката е поднесена во момент кога аргентинската Влда се залага за нов финансиски договор со ММФ.

Слабата економија на Арегнтина е погодена од наглото паѓање на вредноста на валутата и високата инфлација што ја принуди Владата да се обрати до ММФ за помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 20:45